Утре од 12.00 часот НУ Библиотеката „Григор Прличев“ – Охрид и оваа година традициoнално ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право кој е прогласен од УНЕСКО во 1995 година.

Утре во Прличевата одаја ќе бидат прогласени најчитателите за 2024, за деца и возрасни, најчитаните автори и дела а на бројни донатори на книги ќе им бидат врачени благодарници. Годинава, македонската порака ја напиша проф. д-р Славица Велева, а ќе биде прочитана и светската порака од г-ѓа Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО, информираат од Библиотеката.

Овој датум се одбележува во целиот свет на 23 април, секоја година како симболичен датум во светската книжевност бидејќи токму овој ден е поврзан со брилијантните личности на пишаниот збор како Мигуел де Сервантес, Вилијам Шекспир.

OhridNews