НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од понеделник 10 јуни ќе работи во една смена од 08:30 до 16:30 часот.

Во терминот од 08:30 до 16.00 ч. Библиотеката е од отворен тип и ќе работи со читатели кои ќе можат да позајмат нови и да ги вратат веќе прочитаните книги. Читалната во одделот за издавање и читалната за дневен печат и периодика во Прличевата одаја со читатели ќе работат од 9:30 до 14.00 часот, велат од Библиотеката.

Читалните, посочуваат, ќе можат да ги користат само зачленети читатели.

Во текот на летото во одделението за издавање на книги ќе можат да се зачленат и лица кои ќе имаат подолг престој и одмор во Охрид, потенцираат.

Инаку, годишната членарина за возрасни е 300 а за деца 200 денари.

OhridNews