Во текот на февруари Амбасадата на Република Полска во Скопје на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на проектот „Полска на полица“ и’ донира 53 наслови по еден примерок актуелни преводи на книги од полски автори на македонски јазик. Амбасадата на Република Полска информира, дека месец мај тече во знак на одбележувањето на полската книжевност во македонските библиотеки.
Охридската библиотека „Григор Прличев“ се приклучува кон оваа акција и уште од понеделник сите наслови ќе им стојат на располагање на читателите, а на својата веб и Фејсбук страница библиотеката ќе ги објави сите 53 наслови за читателите да можат да одберат и секој работен ден на Фејсбук страницата на библиотеката ќе бидат споделувани по два наслови од полски автори, велат од Библиотеката.
По повод месецот на Полската литература објавен е конкурс за читателите во категории за возрасни со рецензија на прочитана книга од полски автор и за деца (од 5 до 12 г.) со цртеж на лик од прочитана книга од полски автор (техниката во која ќе биде изработен цртежот е по желба), велат од Амбасадата.
Рецензиите, додаваат, (потпишани со име и презиме) треба да се испратат на е- адресата: [email protected] до 10 јуни 2024 г.
Цртежите потпишани со име, презиме и возраст Ве молиме предавајте ги во вашите библиотеки во термин до 10 јуни 2024 г. Ве молиме да доставите потпишано одобрение за објавување на рецензиите и цртежите на социјалните медиуми, со име и презиме на авторите. Жирито ќе ги оцени испратените рецензии и предадените цртежи, а по тројца автори од двете категории со највисоки оцени ќе бидат наградени со книги. За сите учесници следуваат мали сувенири.
Резултатите, потенцираат, ќе бидат објавени на 14 јуни 2024 на страниците на Амбасадата и библиотеките.
Ги охрабруваме сите да земат учество во конкурсите. Да читаме полска литература!, додаваат од Амбасадата.
OhridNews