2023 година е прогласена за година на Ацо Шопов по повод 100 годишнината од неговото раѓање. Во одбележувањето на овој голем и значаен јубилеј во петок, 17 ноември, од 12 часот со пригоден настан ќе се вклучи и НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.
Настанот ќе се одржи под мотото „Поетот Ацо Шопов низ призмата на критичарот Милан Ѓурчинов“, а гости ќе бидат ќерките на Шопов и Ѓурчинов, Јасмина Шопова и Анастасија Ѓурчинова, информираат од Библиотеката.
Модертор на настанот ќе биде Милчо Јованоски, а истиот ќе се одржи во Прличева одаја.
OhridNews