Охридските љубители на пишаниот збор во текот на наредниот преку Библиотеката „Григор Прличев“ ќе имаат можност да ги набават делата од капиталните едиции кои беа издадени во рамки Годишната програма на Министерството за култура на Република Македонија.
Се работи за изданијата од едициите „Ѕвезди на светската книжевност“, „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“ кои се дел од едицијата „Македонски искушенија“ како и изданијата од едициите „130 тома македонска книжевност“ и „130 тома македонска книжевност на англиски јазик“.
Според информациите од библиотеката, просечна цена, на пример, на една книга од едицијата „130 тома македонска книжевност“ изнесува 157,00 денари, а на 10 месечни рати може да се отплаќа комплет од едициите.
Во следниот период комплетните списоци со поединечни цени за сите изданија ќе бидат објавени на веб страната на Библиотеката: www.bibliotekaohrid.mk.
OhridNews