-Аудио записите во суштина ќе бидат биографски белешки за самите автори, снимени во директни разговори со нив. Некои од разговорите се веќе снимени од порано, а некои треба да се реализираат сега.-објаснува Тоде Илиевски, директор на Библиотеката “Григор Прличев” во Охрид. Тој нагласува дека овие записи ќе имаат големо значење за зачувување на ликот и делото на сите охриѓани кои придонеле за афирмација на Охрид, на полето на литературата и книгоиздаваштвото.
Во роднокрајните аудио записи, ќе бидат опфатени биографиите на Миле Волканоски, Видое Видически, Стојан Ристески, Коста Фортомар, Есад Бајрам, Паско Кузман, Смиле Наумоски, Тоде Илиевски, Славе Ѓорѓо Димоски и Драган Спасески-Охридски.