Покрај постојаните набавки и збогатувањето на фондот со нови наслови, НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид се соочува со проблемот позајмени а не вратени книги, велат од охридската библиотека.

Од таа причина Библиотеката  ги повикува сите корисници кои зајмиле книги до 2020 , а не успеале да ги вратат, да го сторат тоа најдоцна до 31 декември, годинава. Целта е  книгите повторно да го продолжат својот живот меѓу читателите. Потсетуваме дека годишната  членарина за деца – ученици е 200  а за возрасни 300 денари, велат од библиотеката. 

Имено, библиотеката го збогати книжниот фонд со нови пет нови наслови на книги во издание на „Матица македонска“ се достапни во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид.

Се работи за книги кои веруваме ќе побудат интерес кај читателската јавност,  велат од библиотеката.

Од денеска, на пултот за зајмување достапни се книгите : „Госпоѓица Коко и мирисот на љубовта „ од Мишел Марли, „Не сум виновна“ од Јелена Бачиќ – Алимпиќ, „Загубената сестра“ од Лусинда Рајли, „Призрак во ноќта“ од Тес Теритсен и „Од името на семејството“ од Сара Дунант.

 

OhridNews