Најновите информации за работата на Охридската библиотека „Григор Прличев“ од денеска ќе може да се најдат на новата Веб страница на библиотеката: www.bibliotekaohrid.mk

Тука ќе бидат поставени информации кои се однесуваат на организациската поставеност, развој, проекти, нови наслови и активности во библиотеката.

Страната е изработена во соработка со Факултетот за информатичка технологија „Св.Апостол Павле“ од Охрид во рамки на проектот „1000 идеи за подобар Охрид“ а креатор на истата е Назмије Денкоски.

OhridNews