НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид со годишната програма за работа финансирана од Министерството за култура и туризам за оваа 2025 година на располагање ќе има 450 000 денари за набавка на нови наслови од сите области.

Библиотеката континуирано го збогатува својот книжен фонд преку набавка на актуелна литература од македонски издавачи. Ви оставаме простор почитувани читатели и вие да се вклучите со ваши предлози на наслови кои сакате да ги набавиме поради нивната актуелност и квалитетна содржина, а ние според нашите можности ќе се обидеме да ги набавиме, велат.

Посочуваат дека предлозите до средината на идниот месец ги очекуваат на е-маил адресата [email protected], како и на официјалната Фејсбук и фан страница.

Да потсетиме дека во текот на минатата 2024 година нашиот книжен фонд за деца и возрасни беше збогатен со 1021 наслови со вкупно 1957 примероци. Во оваа бројка се вклучени и бројните наслови кои се подарок за библиотеката, додаваат.

OhridNews