Спортската арена „Билјанини Извори“ е подготвена за собирот на најдобрите каратисти во сениорска категорија од балканските простори.
На првенството се очекува да настапат 300 каратисти од 12 земји. Квалитетот на шампионат е загарантиран бидејќи ниту една манифестација не може да помине без медал на некој балкански натпреварувач.
Организирањето на ваква манифестација ќе биде прво искуство за Карате федерација на Македонија, која неслучајно го одбра Охрид за домаќин.
Првенството започнува в сабота, а ќе заврши в недела за кога и е закажано прогласување на победниците.
Фото : „Билјанини Извори“
Ohridnews