Охриѓанката Сара Климоска, актерката која годинава е #shootingstar – ѕвезда во подем прогласена за време на Берлиналето, е една од деветте жени кои ја обележаа 2021 во македонската филмска индустрија, информираат од Агенцијата за филм.
Наградата „Ѕвезда во подем“ што ја добив на Берлинале ми отвори доста врати и сè уште ми отвора, но за да влезам во една од нив навистина е многу потешко надвор, отколку тука на овие простори, бидејќи конкуренцијата е многу поголема и јазикот е бариера. Но, се надевам дека убави работи ќе се случуваат- изјави за umno.mk Сара Климоска.
Сара е дел од филмовите кои допрва треба да ги видиме во кино салите – „Лена и Владимир“, „Преекспонирано“, „Нема да бидеш сама“, „Кајмак“, а веќе ја видовме со носечка женска улога во „Врба“.
Во јуни годинава Климоска ја доби наградата Европски актер во подем за 2021 година на Берлинскиот филмски фестивал. За оваа награда беше номинирана од страна на Агенцијата за филм на РСМ, која е долгогодишна членка на European Film Promotion.
OhridNews