Охридскиот огранок од Металург е дел од ракометниот камп, кој македонскиот ракометен бренд традиционално го организира во Хотелот „Бетон“ покрај Охридското езеро.
Ракометарите кои доаѓаат од охридската академија на Металург за прв пат ќе одработат тренинзи на кампот со други дечиња од академиите ширум Македонија.
– Чест, задоволство и привилегија ние нам што сме дел од овој камп на Металург. Се надевам дека за децата ова ќе биде големо искуство и секако мотив повеќе за што подобри тренинзи во иднина. Децата се многу среќни, а сега само што почнавме – рече тренерот од охридкста академија Александра Џамтоска.
Покрај охридските ракометари во првата смена од кампот учествуваат дечиња од Македонска Каменица, Кавадарци, Прилеп и Скопје.
Фото : Емилио
Мх.П.