Туристичката агенција „Елида“ од Охрид во соработка со хотелот „Пирин Голф“ од Бугарија во Банско по шести пат организираат турнир во голф кој ќе се одржи од 19 до 21 мај.

На турнирот во голф кој има дух за дружење, а потоа за натпреварување учествуваат околу 50-60 голфери од Македонија и уште толку од Бугарија.

– Еднаш годишно претежно во овој дел од годината организираме голф турнир кој од година во година има се поголема масовност. Добрите терени и одличните услови се големи предиспозиции за одмор и дружење. Ние како организиратори на турнирот на најдобриот голфер го наградуваме со викенд во Охрид – информираше Елида Битрак сопственичка на туристичката агенција.

Во последниот ден покрај што се прогласуваат најдобрите сите учесници се забавуваат со охридска музика и најдобрите бугарски специјалитети.

OhridNews