Турнирот за млади категории кој се одржа во Златибор помина во знакот на охридските екипи. Ракометниот клуб Охрид и Женскиот ракометен клуб Лихнид освоија медали речиси со сите екипи во поединечни категории во кои се натпреваруваа

Најголем успех освојувајќи го првото место забележа Младинската екипа на РК Охрид предводена од Наум Бабачев. Охридските ракометни надежи титулата во Златибор ја одбранија без пораз. Во финалето по голема и неизвесна борба славеа со 20-19 против Слога Пожега. Златото со индивидуално признание го зачини Мартин Ивановски, кој беше прогласен за најдобар играч.


Бабачев на рацете од ракометарите после победата во финалето.

„Китовите“ во кадетската конкуренција се закитија со сребрениот медал, откако во финалето во драматичен финиш изгубија од Подгорица 19-18. Пионерска екипа заврши на третото место, додека без медал финишираше екипата составена од помлади пионерки. Тамара Маркоска од кадетската екипа беше прогласен за најдобар асистент.

Одличниот викенд на охридските ракометни клубови го комплетираа пионерите од РК Охрид кои освоија два медали. Екипата составена од ракометари 2004 финишираа на првото место, додека две години помладите завршија на втората позиција.

OhridNews