Меланхонична сензација, чист звук, прекрасни мелодии, автентично, добро пеење и стручни музичари. Исто како на Охридска свадба. Овој викенд се случи нешто фантастично во Јисп, едно мало убаво селце во близина на Амстердам. Холандскиот балкански оркестар “Задар” направи комибинација од литературно дело и музика на тема „Свадбата на седумте цигани“, познатиот лљубовен роман на холандскиот писател А. ден Доолард, кој има споменик покрај Охридското Езеро. Преку оваа книга и благодарение на Ден Долард во седумдесетите Холанѓаните дефинитивно се заљубија во Охрид.
“Задар” е формиран во 1984 година. Го сочинуваат седум музичари со голем, балкански талент, виртуози на свадбарски инструменти. Сите се Холанѓани. Тоа ги прави специјални и специфични. Децении имаат турнеа низ Холандија. Емотивно се пее, се свири со душа музика од Македонија, Србија, Босна, Хрватска, Романија, Унгарија и Албанија.
Дејствието на „Свадбата на седумте цигани“ е во Охрид во триесетите години од минатиот век. Ден Долард пишува за комплицираниот Бранко, познат сликар од Белград. Бранко се заљубил покрај Канео во младата Душка од Охрид. Влегуваат во брак. Но пред да се се венчаат Бранко има една голема желба: седум Роми-музиканти да му испеат седум песни.
Тие седум песни го потсетуват Бранко на неговите седум љубовници од порано.
Бранко со нервоза и алкохол влегува во вртелешка од солзи, носталгија, грев, тага и паника. Размислува дали е тој вистинскиот човек за младата нежна, интелигентна Душка. Бранко е скитник, кафански човек, полн со авантури. Не сака да го упропасти животот на Душка….
Во Јисп настапот на „Задар“ го проследија сто и педесет гости во локалната црква. Интимен посебен амбиент, ритмички микс од текст (сцени од „Свадбата на седумте цигани“, фантазијата од Ден Долард) и после тоа веднаш музикачките желби на ликот од романот Бранко. Репертоирот им беше: Скопски чочек, Коло од Србија и Босна, Мој дилбере, Скопска весела долина, Имате ли вино, Коња кује, Чудна јада, Сано душо, Чичук, Зошто бре либе, Албанска игра, Кажи, Кажи либе Стано, Пијан идам од града, Викино Коло, Ево срцу мом радости, Шота, Кочово оро и за крај Есма Чаје Шукарије.
Групата “Задар” е изненадувачки посебно добра. Слободно можат да свират на македонска свадба во Охрид, на концерт во ресторани или хотели за Македонци и туристи од Холандија со ова Охридско-холандска литературно-музичка приказна. „Тоа би било одлично ако некој сака да не покани. Тогаш ќе дојдеме со големо задоволство“, вели пејачката на “Задар”.
Владо Велјаноски
Амстердам, Холандија