Ракометните клубови Охрид и Лихнид во најдобро светло го преставија нашиот град, откако се закитија со златни медали во силна и квалитетна конкуренција на меѓународниот ракометен турнир во Златибор кој се одржа од 21 до 23 арпил.


„Китовите“ во второто свое учество успеаја да се искачат на тронот и да ги збогатат своите витрини со нов трофеј овој пат од меѓународен карактер. Ракометарките на Лихнид на задоволство од публиката во финалето ја совладаа Подгорица од Црна Гора со (11-10), која ја имаше победата во свои раце. Добриот и ефикасен финиш на „китовите“ им донесе победа и титулата. Во групната фаза Подгорица славеше со 11-8, а охриѓанки во другите мечеви славеа против Хаџиџи (17-12), Слога (5-0 службено) и со Приполје (14-9).


Третото учество на пионерите од РК Охрид на турнирот во Златибор се покажа среќно. „Гладијаторите“ во големото финале ја совладаа екипата на Слога од Пожега (17-14) која во групната фаза успеа да го победи охридскиот состав (20-18). До патот во финалето избраниците на Наум Бабачев ги надмудрија Славија (29-17) и Преспа Вардар (27-17).


Одличниот викенд на турнирот во Златибор за охридските екипи го комплетираа Мартин Иваноски и Викторија Алексиеска кои беa ибрани за најдобри играчи во финалните натпревари.


Тренерите од двата клуба, Наум Бабачев, Филип Јованоски и Билјана Богданова-Смилевска задоволни се од прикажаното од дечињата на турнирот и од организацијата која била на врвно ниво.

Михаил Постоловски