На големиот Христијански празник Богојавление – Водици, групата „Сарај“ премиерно претстави видео со сплет на охридски староградски песни „Охридска приказна“.

Со голема љубов сакаме да го удостоиме нашиот град Охрид, сите љубители на староградската песна, сите наши слушатели и пријатели насекаде низ светот. Збогатете ја вашата софра со звуците на еден поинаков, автентичен Охрид кој што сведочи за многу вистинити случувања на овој град пренесени преку песна. – велат младите музичари од фрупа „Сарај“.

Видеото е снимено во ресторан „Белведере“, а го реализира „Digital Box“.