Охридскиот ракометен состав, денеска со почеток во 18 часот ќе го одигра првиот неоифицијален натпревар на домашен терен во Новата 2020 година. На премиерата во СРЦ „Билјанини Извори“, „гладијаторите“ ќе се сретнат со шампионот од Косово, Беса Фамгас.

Денешниот дуел ќе биде со хуминатарен карактер и средствата од влезниците (50 денари) ќе бидат донирани за лекувањето на охриѓанката Сандра Ническа.

Во досегашниот дел од подготовките за втората полусезона во Супер лигата охриѓани одиграа четири контролни средби. Избраниците на Раде Стојановиќ забележаа три победи и претрпеа еден пораз.

OhridNews