Мајки е четвртиот по ред филм на Милчо Манчевски од македонско-француско-бугарска копродукција. Снимањето се одвиваше на локации во Скопје, Мариово, Кичево, Тетово и Гостивар минатата година, а монтажата беше завршена летово во Париз, Лондон и Минхен.
Во филмот се испреплетуваат вистинската приказна за отсутна и небрежна мајка, но се работи и за критика на општеството во кое децата беснеат со кредитни картички, старци умираат сами и заборавени, а пензионирани чистачки се жртви на убиства и силувања.
Во филмот играат младите Ана Стојановска и Димитар Ѓорѓиевски, искусните Салетин Билал, Диме Илиев, Владимир Јачев, Марина Поп Панкова, Петар Мирчевски и други познати македонски актери. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски. Костимограф е Елизабета Монталдо, дизајнот е на Дејвид Манс, а музиката на Игор Василев Новградска.
Филмот „Мајки“ во Охрид ќе се прикажува до 7-ми ноември во терминот од 20 часот. Влезот чини 100 денари.