Дали рок музиката ќе биде засенета од другите музички стилови? Членовите на рок групата “Blackout”  Климент Дукоски  – drums, Хендрик Зингер – bass, Јован Бочвароски – guitar и Дејан Вревезовски – vocals, не веруваат во тоа. Нивната желба и посветеност кон овој стил е преголема, што беше и клучно за основање на  група која Ќе го негува овој музички правец.

Идејата за формирање на групата произлегува од сличните погледи на музиката и од желбата за емотивно изразување, велат членовите на Blackout. Групата  е формиран есента 2005 г. од Климент и Јован. Формацијата на бендот досега се менувала повеќепати. Бендот на почетокот  изведуваше песни  од познати рок ѕвезди, а од есента 2006 почна да создава авторски песни.
Главно  во нивниот стил преовладува хард рокот, кој го изразуваат енерично и емотивно. Текстовите на песните ( Eternity, Faithful story, Insesitive pain. Nightmare, Tell me, Penitence) се на Дејан и Јован.  Во нив се  обработуваат теми од сите сфери на животот , но пред се изобилуваат со реалистички елементи.


“Blackout”

Bleckout настапувале во  “Club Lagoa“,“Paladium“ , “Sky“,“Midnight“,  “Rock Cafe“. Со оглед на условите во кои работат, настапуваат и живеат од поддршката на публиката и се презадоволни. Таа им е мотив да продолжат понатаму со работа. Моментално работат на средување и уметничко вообличување на нивниот авторски материјал, со надеж дека во блиска иднина ќе се оствари нивната замисла – да го издадат деби албумот.

Дечките од Bleckout се оптимисти дека ќе успеат. Имаат и порака до светот (младите):“ Животот е длабока предигра пред вистинските уживања. Колку подобро ја изиграш, толку си поблиску до душевната нирвана. А музиката е најдобар начин за комуникација со духовниот свет и со се воопшто!“-Bleckout.

подготви:
Ивoна Ангелоска