Од Локалната самоуправа информираат дека куќичката е подигната од страна на ” ONE – Телеком Словениа Гроуп” ,според претходно дадена согласност од Секторот за урбанизам.
– Иако со Програмата за поставување урбана опрема не беше предвидено поставување на ваков објект, со оглед на тоа дека станува збор за оригинално решение, кое не го оптеретува просторот, го одобривме барањето доставено од страна на ONE, велат од Локалната самоуправа.
Куќата е од времен карактер и во неа ќе биде сместена телефонска говорница. На градскиот плоштад ќе остане до крајот на летото.