Деветтте победи во исто толку натпревари најдобро ја отсликуваат доминацијата на охридскиот кошаркарски клуб во првата полусезона од Втората лига.
Кошаркарскиот клуб АВ Охрид се наоѓа на половина пат од целта поставена пред почетокот на сезоната, а тоа e пласман во елитата.
Со играчкиот квалитет и пристапот на клубот кој се граничи со перфекционизам АВ Охрид е на вистинскиот пат да стане голем ривал на екипте од Првата лига.
Со оформувањето на кошаркарскиот клуб Охрид стана побогат за уште еден спорт, со надеж дека во годините што доаѓаат и за уште некој трофеј.
Мх.П.