Во организација на Меѓународната комисија за исчезнати лица во Охрид денеска започнува дводневна конференција посветена на решавање на прашањето на лица исчезнати во конфликтот на Косово.
На охридската конференција за прв пат ќе присуствуваат голем број семејства на исчезнатите косовски Албанци и Срби како, претставници на властите одговорни за истрагата за пронаоѓање на исчезнатите лица од Косово, како и претсвници на межународни организации од областа на човековите права.
Решавањето на судбината на исчезнатите лица во текот на конфликтот на Косовцо е од критично значење не само за стотината семејства кои немаат никакви вести за тоа каде се нивните најблиски, туку и за процесот на воспоставување мир и стабилност во регионот. Од вкупно 4.400 лица кои исчезнаа за време на конфликтот, за повеќе од половината не се знае ништо.
Од 1999 година ИЦМП обезбедува помош на УНМИК, влдата на Србија и на привремените институции на Косово, во пронаоѓање на исчезнатите лица во вид на техничка помош и подршака на капацитетите и им пружа помош во остварување правата на семејствата на исчезнатите.
Г. Момироски