Целта на овој проект е да се соберат средства од донатори кои ќе бидат наменети за подобрување на состојбата на младите во Охрид. По тој повод ќе бидат промовирани новите членови на Клубот на пријатели на младите на кои според старите охридски обичаи ќе им се оддаде признание за континуираната поддршка на младите во општината.
На Охридската донаторска визита, предвидено е да се обратат градоначалникот на Општина Охрид, Александар Петрески, директорката на Заводот за заштита на споменици и музеј Тања Паскали-Бунташеска и Димче Каневче, претседател на Младински Совет Охрид, кој е иницијатор на проектот.