Охридските тенисерки имаа плоден настап на турнирот кој се одржа во Охрид во организација на Тенискиот клуб Охрид до 12 години освојувајќи го златниот и сребрениот медал.

Во охридското финале Ана Стојаноска ја совлада Мина Петреска, додека Матеа Билбилоска по голема борба со Мила Гугуческа од Битола отпадна во 1/4 финалето.

Кај момчињата, првото место припадна на Амар Хусеиновиќ од ТК МТП Скопје, кој во два сета беше подобар од Петар Пирганоски од ТК Прилеп. Павел Стевковски од ТК Охрид како полуфиналист го подели третото место, заедно со Филип Панов од ТК Кавадарци. Вториот натпреварувач од ТК Охрид, Матеј Симоноски стигна до 1/4 финале.

Со овие резултати, Стојаноска ќе избие на првото место на државната ранг листа, но и останатите ќе имаат значителen скок нагоре, со што оваа одлична генерација на охридски јуниорски тенисерки и тенисери го потврдува својот квалитет и во оваа категорија до на натпреварувања.

OhridNews