Натпреварот помеѓу традиционално големите ривали Охрид и Струга, што се одигра вечерва во салата Билјанини Извори во Охрид, во рамки на 13то коло од ракометната Супер лига, не го потврди епитетот на дерби. Барем не на теренот, каде се мина во знакот на домашната екипа, која буквално го “оддува” противникот.

Гладијаторите демонстрираа 60-минутната доминација, нанесувајќи и убедлив пораз на Струга 29:18, полувреме 14:7.

Очигледно беше дека ракометарите на Охрид влегоа многу мотивирано во мечот во кој на клупата го немаше суспендираниот Раде Стојановиќ, а на теренот Михајло Младеновиќ. Домаќините одиграа гладијаторски меч во кој за  неколку класи беа подобри од грогираниот противник.

Далеку повозбудлива беше навивачката пресметка на трибините. Рибари и Паткари уште еднаш покажаа зошто Езерското дерби е ракометно дерби број 1 во Супер лигата. За нив чиста 10ка.

Г. М.
Фото: А. Момироска

Фото галерија: Магијата на Езерското дерби е во енергијата на публиката и навивачите