Прашањето за безбедно снабдување на регионот на Југусисточна Европа во иднина ќе биде ставено на врвот на приоритетите на земјите од регионот.Потребни се напори за обезбедување сигурни, континуирани и разновидни залихи на енергија се неопходни за економскиот развој и стабилноста на земјите во регионот, се наведува во Декларацијата за заедничка енергетска политика на земјите од Југоисточна Европа, која во Охрид ја потпишаа претседателите на Македонија, Албанија, Србија, Хрватска и Црна Гора, претседателот на претседателството на Бих и потпретседателот на Бугарија.

Во неа се потенцира дека приоритет е понатамошно усогласување со легислативата на ЕУ и дека неодамна оформената Енергетска заедница е дополнителен чекор кон целосно усогласување на регионот со европскиот систем.

Учесниците на денешниот самитот за енергетика на земјите од ЈЕИ, што вчера заврши во Охрид, заклучија дека создавање на функционален, транспарентен и конкурентен пазар на енергетика во регионот претставува важен чекор кон европска интеграција.


претседателите ја потпишаа „Охридската декларација“

„Оперативен енергетски пазар во регионот со пристапни цени ќе придонесе за привлекување на странски инвестиции и зголемување на конкурентноста“, се истакнува во декларацијата.

Земјите потписнички на декларацијата се обврзуваат дека рационално ќе ги искористат изворите на енергија, кои не можат да се се обноват, а се заложија и на поголеми вложувања во енергетскиот сектор, кои треба да бидат поразновидни.

По завршувањето на самитетот претседателети на земјите од ЈЕИ симболично извршија порибување на Охридското Езеро со пастрмка со што се заложија за спас на овој ендемски вид риба кој поради негрижата на човекот е на раб на исчезнување.

Г. Момироски