Охридска банка, Societe Generale Group, воведе електронско банкарство за физички лица и го усоврши постојното решение за правни лица. Оваа новина значи дака клиентите на Банката ќе имаат можност преку ОBSGNET, бргу да реализираат значаен дел на безготовински трансакции, без да посетат експозитура на Банката.
ОBSGNET овозможува и преглед на состојбата и прометот на сите сметки и картички, купопродажба на девизи и преглед на курсна листа, интерни трансфери, плаќање на режиски трошоци кон однапред определени приматели, плаќање на платни налози и нотификација за статус на плаќања. За правните лица пак, со оваа новина, се овозможува извршување на платниот промет во земјата и во странство.
Со ОBSGNET клиентите имаат неограничен пристап до сметките 24 часа во денот, 7 дена во неделата од секаде во светот. За физички лица провизиите се до 60% пониски за плаќања во земјата, а бесплатни за интерни налози. Сите лица кои ќе аплицираат за ОBSGNET до 30 јуни годинава, ќе им биде овозможена бесплатна регистрација.
Пристигнуваат пријави и од охридските училишта за наводно подметнати експлозивни направи, информираат од СВР Охрид Пријави за наводно подметнати експлозивни направи има и на подрачјето на Охрид во ...
Охрид добива ново катче за одржлив начин на живот! „Училишта без пластика“ во соработка со Младински Центар Охрид го организираат првиот Еко пазар, место каде што граѓаните ќе можат да купуваат и п...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по мноштвото пристигнати пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни училишта на речиси цела териториј...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.