Редици нервозни граѓани, во најголем дел повозразни лица. Ваква е сликата пред експозитурите на банките овие денови во Охрид. Во центарот на градот пред „Охридска банка“ која сега е дел од Шпаркасе групацијата, исто така. Редица имаше уште од 7 часот, далеку пред да се отворат вратите на банката.

Граѓаните велат дека се затекнати од ситуацијата и дека не можат да подигнат пензии или пари од својата сметка поради големите гужви. Некои од нив се од други населби во градот, но велат морале да дојдат во централата на банката затоа што другите експозитури не работат. Голем дел од нив немаат платежни картички кои овозможуваат подигање пари од банкомати или плаќање со истите во трговијата.

OhridNews ја контактираше „Охридска банка“, од каде велат дека преземаат дополнителни мерки во согланост со кризата, за да им излезат во пресрет на граѓаните. Така, од денеска, во Охрид во функција ќе бидат 2 експозитури: експозитура Централа и експозитура Мини Маркет со работно време од 07.00 часот до 14.00 часот.

Активни ќе бидат повеќе благајни. Преземено е дополнително надворешно обезбедување за спроведување на потребната дистанца меѓу клиентите. – информира „Охридска банка“.

Од банката со апел до клиентите под 67 години да не ги посетуваат експозитурите меѓу 10-12 часот, со цел да им се остави простор на клиентите над 67 години во тоа време да ги завршат своите обврски.

За дополнителна безбедност, Банката постојано апелира на користење на електронските канали за користење на банкарски услуги. Во градот Охрид, Охридска банка е достапна со пет банкомати (од кој еден со функција за уплата на средства) на Охридска банка и четири банкомати на Шпаркасе банка Македонија. – истакнуваат од банката.

OhridNews

Видео+фото: Џабе ни се сите полициски часови, ако целата временска, анти корона, заштеда ја трошиме пред банките!?