Охридска банка, од денес, ќе врши предвремена исплата на априлските пензии, согласно дефиниран распоред на исплата. Исплатата на пензии ќе се врши исклучиво преку мрежата на банкомати, при што на клиентите на располагање им стојат 120 банкомати на Охридска банка и Шпаркасе Банка Македонија ширум земјата, каде може да подигнуваат готовина без провизија, информира Банката.

Во градот Охрид, Охридска банка е достапна преку 10 банкомати од кои 5 на Охридска банка и 5 на Шпаркасе банка Македонија на коишто може да се подигне пензијата почнувајќи од денес.

Во однос на исплатата на пензии преку шалтерите во експозитурите на Банката, согласно усвоената Информација за исплата на пензии за април 2020 година на Владата, Охридска банка АД Скопје ќе ја врши исплатата на пензиите според следниот распоред составен според висината на пензијата:

– Понеделник (27.04.2020 год.) – исплата на пензии во висина до 11.000 денари;
– Вторник (28.04.2020 год.) – исплата на пензии во висина 11.001 денари до 14.000 денари
– Среда (29.04.2020 год.) – исплата на пензии во висина 14.001 денари до 18.000 денари
– Четврток (30.04.2020 год.) – исплата на пензии во висина над 18.000 денари

Во Охрид експозитурите Централа и Минимаркет ќе работат од 07:00ч. – 16:00ч., а во сабота ќе работи експозитура Централа Охрид од 09:00ч. – 13:00ч.

Во рамки на експозиттурите се преземени сите мерки за заштита и одржување на хигиена. Поставени се ознаки за дистанца, ангажирани се лица за воспоставување ред, отворени се сите благајни со главната експозитура, а исто така се поставени и известивања за мерките кои треба да се почитуваат. – информира Охридска банка.

Охридска банка АД Скопје АПЕЛИРА до клиентите – корисници на пензија со дебитни картички да ја подигнат пензијата на банкоматите на Охридска банка и Шпаркасе Банка Македонија каде што подигнувањето средства со дебитна картичка е без провизија, со тоа што да се внимава на минимум растојание од 2 метри заради општа безбедност и превенција.

За клиентите на Банката – корисници на пензија без дебитни картички, Банката ќе обезбеди готовинска исплата преку благајните во експозитурите, но исто така СЕ АПЕЛИРА на почитување задолжително растојание од 2 метри при чекање во ред. Клиентите потребно е да го запазат редоследот на исплата на пензии, осносно да ги подигнуваат пензиите на шалтер во деновите во чија група на исплата припаѓаат.

Заради почитување на мерките за превенција од Корона вирусот и заради излегување во пресрет на повозрасната група граѓани над 67 години за кои важи рестрикција на движење во работните денови од 12:00ч. – 05:00ч., Банката апелира до своите клиенти кои смеат да се движат по 12:00ч., во тој период да ја подигнуваат својата пензија за да се остави простор и време на корисниците на пензија за кои има слобода на движење од 05:00ч. – 12:00ч. да подигнат пензија во соодветното време, соопшти Охридска банка.

OhridNews