Охридска банка, ќе кредитира изградба на ладилници за овошје на индивидуалните производители во Ресен, најави оваа општина.
 
Станува збор за проект кој општината го работи заедно со ГТЗ и италијанска невладина организација на земјоделски производители, а целта е да не се остави овошјето да скапува, туку да се чува во специјални разладни простории.

Планирано е да се изградат 10 до 20 ладилници, а инвеститори ќе бидат  самите индивидуални производители, кои според најавите на локалната самоуправа ќе бидат кредитирани од Охридска банка.

Се очекува  проектот ќе биде презентиран на 27 септември на манифестацијата “Јаболкобер“ во Ресен.