Кредитна линија во износ од пет милиони евра за поддршка на реалниот сектор во Македонија, ќе се реализира преку Oхридска банка. Парите за оваа кредитна линија ги обезбеди Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Како што соопштуваат од Охридска банка, Societe Generale Group, средствата ќе бидат наменети за кредитирање на мали и средни претпријатија.

Одобрениот кредит од ЕБОР ќе ја поддржи стратегијата на Охридска банка за понатамошна експанзија на активностите ширум земјата со цел да прерасне во значаен национален чинител, преку зголемување на своето портфолио на кредити за малите и средни претпријатија.

Ohridnews