Охридска банка од денеска и официјално е член на групацијата Сосиете женерал. На првото Генерално собрание на акционерите по преземањеето на банката од француската финансиска групација, беше избран нов Управен одбор – УО и беше презентирана новата развојна политика.

Нов претседател на УО од денеска е Бернард Давид, заменик заменик генерален директор на меѓународно банкарство со население во Сосиете.

Охридска Банка – Сосиете Женерал груп“ има амбиција да стане најсилна банка во Македонија, изјави првиот директор на Банката Бернар Коенинг презентирајќи ги развојните планови на банката. 

На прес конференцијата беше промовиран новиот заштитен знак на банката, „Охридска банка Сосиете Женерал груп“, а ќе биде поставен на сите филијали на Охридска банка до крајот на идната недела.


„Охридска Банка ќе биде најсилна во Македонија“

Новата развојна политика беше одобрена и од акционерското Собрание, како и од централата на Сосиете Женерал. Жан Луј Матеи, генерален директор на одделот за интернационално банкарство со население, истакна денеска дека СЖ на Охридска банка ќе и` донесе и финансиска стабилност, интернационална мрежа, стручност и професионални вештини за развој на производите.

Според Ристо Чадиковски, член на Одборот на директори на Охридска банка, оваа трансакција е чекор од суштинско значење во преродбата на банкарскиот и економскиот сектор во Македонија

Раководството најави дека наредната недела ќе биде промовиран, нов производ, кредити за домување по поволни услови, како дел од мерките, што ќе ги преземе новиот управувачки тим на банката.

Г. М.