Во пресрет на одржувањето на првото Генерално собрание на Охридска банка како членка на групацијата Сосиете женерал, банката денеска во хотелот Инекс Горица ќе одржи прес конференција на која ќе биде претставено новото лого кое во иднина ќе биде заштитен знак на банката.
Деновиве на експозитурите на Охридска банка беше извршена замена на рекламните паноа со нови кои го носат знакот на групацијата Сосиете женерал.
На прес конференцијата ќе присуствуваат Бернард Коенинг-Првиот генерален директор на Охридска банка, Жан Луј Матаи-Генерален директор на Меѓународно банкарство со население на Сосиете и Бернард Давид, заменик Генерален директор на Меѓународно банкарство со население во Сосите.