АД Охридска банка го отвори патот за влез на француската Сосите женарал, откако со потребно мнозинство гласови на акционерското Собрание што се одржа денеска во седиштето на банката беше изменет членот 37 став 5 алинеа 4 од Статутот на банката. Со извршените промени се предвидувана назначувањето и разртешувањето на членови на Управниот одбор на банката да се врчи со просто мнозинство од акциите со право на глас присутни на Собранието, наместо како што досега се правеше со двотретинско мнозинство.
Целта на измената е да се овозможи подобар управувачки пакет на потенцијалниот купувач на банката, француската “Сосиете женерал“.
Охридска формираше акционерски пакет од 53% што ќе им биде понуден на французите. Промените во статутот сериозно ќе ја зајакнат управувачката позиција на Сосиете, бидејќи французите ќе можат да носат стратешки одлуки, иако нема да поседуваат две третини од банката.
По измените на статутот се очекува продажбата на “Охридска банка“ да финишира до крајот на овој месец.