Охридска банка, Сосиете Женерал Груп е добитник на наградата „Јуромани“ за 2010 година. Наградата и беше доделена во присуство на водечките банкари и инвестициони банкари од целиот свет.


Почестени сме што Јуромани одбра да ја одликува Охридска банка, Сосиете Женерал Груп за 2010 година. Додека со оваа награда се оддава признание на порастот на нашите перформанси, ние сме убедени дека нашата- клиентски фокусирана и ефикасна стратегија солидно не позиционира и за претстојните предизвици. Охридска банка прерасна од локална во национална банка преку експанзија на деловната мрежа и речиси го дуплираше пазарното учество во главниот град, Скопје, во период од две години. Во екот на финансиската криза, Охридска банка се фокусираше на сите пазарни сегменти како население, корпоративни клиенти и мали и средни претпријатија. Како резултат на тоа, Банката го зголеми корпоративното кредитно портфолио за 25.5% од 2008 до 2009 година, поттикнувајќи пораст од 34% на нето приходите од камати на 8.85 милиони евра, со ограничен пад на профитот од само 7.6%.” – велат од Сосиете Женерал Груп.

Од 1992 година  Јуромани, водечко светско списание за финансиски пазари, ги издвојува најдобрите финансиски институции. Наградите за извонредност сега вклучуваат 25 глобални награди за банкарство и пазари на капитал во речиси 100 земји ширум светот.

Ohridnews
извор: Makfaks