Атлетичарката од охридскиот клуб, Ангела Секулоска ќе ја замени Христина Ристеска на Европските игри во Баку откако таа падна на допинг тестот извршен од Македонскиот Олимписки Комитет (МОК), пренесува Спортмедиа.


19-годишната охридска атлетичарка на првите игри од ваков вид ќе се натпреварува во дисциплината штафета 4×100 метри и ќе биде дел од 45-члената експедиција која ќе ги браните боите на нашата земја.

Од вкупно седум охридски спортисти на Европските игри во Баку шест доаѓаат од Атлетскиот клуб Охрид што е потврда за нивната одлична работа.

Седмиот учесник од Охрид е стрелачката Нина Балабан, која се пресели во редовите на „Стрелец“ од Скопје.

Ohridnews