Со одлука на Црковно народниот – собор што заврши доцна попладнево, Македонската православна црква на името ја припои и додавката Охридска архиепископија.

Според Синодот, со ваквата одлука не се менува ништо во името на МПЦ, туку само се потенцира историската поврзаност со Охридската архиепископија.

– МПЦ никогаш не се откажала од Охридската архиепископија која е возобновена во лицето на Македонската православна црква и тоа јасно е посочено во одлуките на црковно – народните собори во ’43, ’45. ’46; ’56; ’58; година, истакна по завршувањето на соборот, портпаролот на МПЦ г. Тимотеј. Тој  посочи дека со вметнувањето на додавката Охридска архиепископија само се допрецизира името на Македонската православна црква.


За нов грб на МПЦ од денеска ќе се користи катедралната црква Св. Софија, која е соборна црква на сите македонски архиепископи.

Ohridnews