Првиот локален електронски весник Ohridnews.com ја одбележува првата годишнина од постоењето.

Охридското информативно првенче во „сајбер“ светот за своето едногодишно постоење се избори за свое место во медиумскиот простор надминуваќи ги далеку локалните рамки. Благодарение на ohridnews.com  градските актуелности, но и други значајни збиднувања кои се одвиваат во Охрид, републиката и пошироко, денес во секое време се достапни на сите меридијани на планетата.

Во својата прва година од постоењето ohridnews.com, лиферуваше повеќе од 3000 вести и информации, објави голем број колумни, интелектуални ставови и писма на читатели. Отвори голем број теми за кои јавно се дебатираше и иницира повеќе кампањи, меѓу кои и таа за заштита на охридските плажи од загадување за што поддршка доби од Министерството за животна средина. Според официјалната статистика на интернет пребарувачот google интернет порталот www.ohridnews.com остварил над 1 милион посети од читатели.

Вестите и објавените стории на Ohridnews, ги користат сите локални медиуми, како и повеќе национални медиуми.

„Вистинските предизвици за нас допрва доаѓаат, затоа што интернетот забрзано станува сериозен медиумски простор кој се повеќе се користи и за информативни цели. Задоволни сме од постигнатото во првата година но пред нас претстои голема задача која ни ја наметнавте Вие, нашите  читатели, а тоа е да ги подобриме и освежиме содржините на нашиот интернет портал, односно  да го подобриме квалитетот на Ohridnews. Наша роденденска желба е да продолжиме успешно да работиме и да го зголемуваме бројот на читатели, а пред се  довербата во понудените содржини и информации.

искрено ваш
Ohridnews.com