Капитенот Кирил Лазаров го постигна победничкиот погодок, но сите честитки за позитивниот исход заминаа кај Никола Митревски, кој иако не ја доби наградата играч натпреварот со изданието на голот, комплетно ја заслужи. Популарниот Никуч ја одржуваше македонската репрезентација во живот кога кризата длабоко навлезе во нашите редови. Голманот на „фармацевтите“ скроти неколку „зицер“ ситуации во финишот, а наградата стигна од Лазаров кој погоди за тесен триумф 26-25.
- Заслуживме победа и со поголема предност на семафорот, но победи си е победа. Дозволивме пад на концетрацијата што се одрази во играта и губење на предноста од пет голови. Украина со ништо не не изненади, туку ние одигравме слаби 10-15 минути и внесовме неизвесност каде што не требаше. – изјави Митревски.
Пофални зборови за Митревски имаше селектор Данило Брестовац, а навивачите на Македонија го славеа македонскиот голман не пуштајќи го во соблекувалните и десет минути после завршувањето на официјалниот дел од натпреварот.
Вториот натпревар на ЕП, Македонија го игра в недела со почеток во 16 часот против ранетата Чешка. Чесите изгубија 32-29 од Австрија во првиот меч од групата Б.
Мх.П.
OhridNews во Виена: Лазаров и Митревски добитна комбинација за победа (видео)