Репрезентација на Македонија, денеска, во „Градската сала“ во Виена против селекцијата на Украина ќе го одигра првиот натпревар на Европското првенство. Прв пат во историјата еден континентален ракометен собир на европско тло се игра во три земји и со 24 репрезентации.
„Црвено жолтите“ фаворити се на хартија, а на теренот во 20:30 часот ќе треба да ја потврдат таквата улога. Ракометарите целиот фокус го имаат насоченко кон мечот со Украина, кој ќе даде вистински насоки за понатамошните натпревари на Македонија.
- Не дека е пресуден првиот меч, но е многу значаен поради атмосферата во селекцијата и паѓање на оној набој кој се чувствува. Против селекцијата на Украина очекувам победа која ќе не доближи до пласман во фазата по групи. Добро го имаме анализирано нашиот противник и мора да одиграме цврсто во одбрана и ефикасно во напад за да ги освоиме бодовите во групата. – изјави селекторот Данило Брестовац во вчерашната средба со медиумите.
Правдата на натпреварот ќе ја делат норвешки судии, а вовед во мечот Македонија – Украина ќе биде првиот дуел од групата помеѓу домаќинот Австрија и Чешка.
OhridNews