Алистар Оверем ја освои светската титула во К1 World GP 2010 во Токио и наградата од $400,000. На турниорот учество зедоа осум финалисти. Алистар Оверем, Семи Шилт, Питер Аертц, Гокан Саки, Тајрон Спонг, Даниел Гита, Мајти Мо и Китаро.
Во финалната борба помегу Питер Аертц и Алистар Оверем, титула ја освои Овеереем во првата рунда по откажувањето на Аертс. Алистар Оверем е светски шампион во Стрике Форсе и сега исто така во К-1 WGP.
На забавата организирана присутни осумте финалисти и двајца резерни фајтери. Забавата започна со преставување на борците и нивниот краток приказ од нивните борби. Имаше можност за краток разговор па еве што одговорија “фајтерите“.
Мр. Овререем, што е позитивно, а што негативно во К-1?
“Прашањето е многу отворено па мојот колега Аертс ке ви го одговори”. Аертц- “Позитивно е, можеш да удриш некого, а негативно е што може да ве удрет, да ви вратат!”
Мр Аертц, К-1 порасна со вас. Која е разликата пред 12 год кога вие бевте шампион и сега?
“Спортот е сменет многу. Кога почнав да се борам, мечовите се одвиваа во мали места со пет илјади публика, тогаш беше почеток на К-1, а сега овај спорт е познат во целиот свет“
Забавата се одвиваше во многу релаксирана состојба, претходниот ден тие беа непријателии , а на забавата пријатели што беше посебно изненадувачки.
За Ohridnews, од Токио
Адријан Битрак
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com