Во Крушево, родното место на Тоше Проески, владее траорна атмосфера. Крушевчани со тага и болка ја примија веста за смртта на најпознатиот нивни сограѓанин.
траорна атмосфера во Крушево
Место зборови плач и молк. Граѓаните на неколку места на импровизирани светилишта му оддаваат почит на Тоше, а отворена е и книга на жалост.Ова е голема трагедија за нас велат крушевчани.
Крушево се простува од Тоше
Во домот на Проески лелек и неверување. Најблиските го очекуваат пристигнувањето на телото на Тоше.
тага во домот на Проески
Градот се подготвува за последната средба со миленикот кој денеска во 13 ч. ќе биде погребан на крушевските гробишта. По повод смртта на Тоше Проески општината прогласи три дневна жалост.
фото: Васко Бујароски