Почитувани,

Добре дојдовте во новата  верзија на најчитаниот интернет портал во Охрид и пошироко. Следејќи ги најновите светски трендови во интернет технологијата го дизајниравме новиот изглед на Ohridnews.com. Првиот електронски весник во Охрид, е лидер и во воведување  новитети во работењето кои се последен збор на иформатичаката и интернет технологијата. Го подновивеме изгледот, но се надеваме ја  задржавме прегледноста на информациите, овојпат достапни во повеќе варијанти. Препознатливите градски содржини кои секојдневно го привлекуваат вниманието на илјадници посетители (речиси 3000 уникатни IP посети дневно-над 65.000 уникатни IP посети  месечно)  ги збогативме со нови. Спортот со акцент на локалните збиднувања заслужено добива сопствен, поголем  простор, а новина се и збогатените  забавни содржини кои се тука да ве релаксират и опуштат. Секојдневно ќе можете да проследите по еден видео клип, да се информирате за времето, берзанските актуелности, да прочитате хороскоп, по некој виц или да решавате он лине крстозбор. За локалните актуелности и натаму ќе бидете информирани, навремено, точно, избалансирано, професионално и без сензации.

За настаните кои следат ќе се информирате во календарот на настани кој вие ќе го креирате. Културните институции, локалната самоуправа, туристичките работници, угостителите, невладиниот сектор и други тука ќе можат да информираат за случувањата кои се од јавен интерес. Наскоро посетителите на Ohridnews on-line ќе можат да дискутираат на отворени теми и да огласуваат. Следат уште новитети кои се надеваме ќе го задржат вашето внимание. Со своите предлози, сугестии и критики вие исто така ќе го креирате вашиот градски интернет портал. И натаму тука пред се ќе можете изворно да се информирате за локалните актуелности, но и да прочитате ставови, анализи, репортажи и разни афирмативни теми од нашето секојдневие. Ќе можете да отворате дебати и да наметнувате теми кои заеднички ќе ги обработуваме и ќе бараме одговори од надлежите институции. Ohridnews и натаму останува број еден градска информативна страница каде и да сте во светот.

Во благодариме на довербата !

Ваш Ohridnews