На ексклузивната премиера во Токио присуствуваа само педесетина поканети фанови и лимитиран број медиуми, меѓу кои и OhridNews. Главна ѕвезда на црвениот тепих беше Jude Law кој толкува една од водечките улоги во филмот. Toj во живо е позитивен и пријателски расположен кон фановите.
На прес конференцијата Jude Law изјави дека во продолжението на филмот за Шерлок Холмс има многу акција, и дека е среќен што останал неповреден во снимањето. Запрашан дали ќе има трето продолжение, тој одговори дека тоа ќе зависи од интересот на публиката. Jude Law во разговор со нашиот репортер упати поздрав до сите фанови во Македонија.
Снегот кој почна да врне за време на промоцијата на „A Game of Shadows“ , само го разубави филмскиот амбиент во Токио.
Адријан Битрак