Со премиерата на филмот „Мајки“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски, синоќа во Битола свечено беше отворен 31-виот Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.


Оскаровецот Жигмонд и холивудката актерка Дерил Хана на црвениот тепих во Битола

Овој фестивал изникна од семето кое го посеаја првите македонски и балкански сниматели, браќата Јанаки и Милтон Манаки, кои  со своето визионерство пред повеќе од еден век ја внесоа Битола и Македонија на светската филмска мапа.–истакна на отворањето во големата сала на Центарот за култура покровителот на фестивалот, претседателот Ѓорге Иванов. Тој на оскаровецот Вилмош Жигмонд му ја врачи наградата „Златна камера 300“ за животно дело, кој изрзи задоволство што се дошол во прекрасна земја како Македонија .


Акетрката Лабина Митевска и режисерот Милчо Манчевски во разговор во Хана

Покрај кинематографот Жигмонд на црвениот тепих во Битола зачекори и холивудската ѕвезда Дерил Хана, која е добитник на  специјалната награда Камера 300, што и ја врачи  министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска.


Дерил Хана во Битола дојде со своето момче

Дерил Хана, ѕвездата на култниот филн на Тарантино, „Кил Бил“, во Битола допатува со своето момче. Прошета низ Широк сокак и ги проба македонските национални специјалитети. Во изјава за медиумите кажа дека е воодушевена од гостопримството и вкусот на македонскиот ајвар.


Главната ѕвезда на фестивалот – Дерил Хана

На фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“, што ќе трае до 22 октомври, вкупно ќе бидат прикажани 95 филмови.

OhridNews
фото:Емилио