Деновиве во Токио беше отворен 24 „International Film Festival” кој е посветен на жртвите на катастрофалниот земјотрес што ја погоди Јапонија во месец март.


Фестивалот кој се одржува под мото “Believe! Power of Films.”, годинава  е во знакот на екологијата. Така наместо на вообичаениот црвен тепих филмските ѕвезди чекореа по зелен тепих произведен од рециклирани пластични шишиња и се возеа со новата  Тoyota Prius Hybrid.


На отворањето на фестивалот што траеше околу 4 часа имаше неколлку филсмки промоции, на кои присуствуваа познати гости, режисери, продуценти и глумци меѓу кои беа Џеки Чен, Мила Јововиќ, Логан Лерман, Габриела Вајлд и други.


На најголемиот филсмки настан во Азија на кој присуствуваше и OhridNews, харизматичниот Џеки Чен го прослави 100 филм – „1911“, во кој тој е режисер и ја игра главната улога.


На зелениот тепих долг 200 метри покрај бројните азиски и европски познати личности од светот на забавата продефилираа и јапонскиот премиер и министерот за економија, но главна атракција беа јунаците од филмот „Три мускетари“. Најмногу внимание привлече преубавата Мила Јововиќ, која и во едноставна тоалета изгледаше гламурозно.


Филмскиот фестивал во Токио трае до 30-ти октомври.

Од Токио за OhridNews
Адријан Битрак