Филмските ѕвезди Russell Crowe и Kevin Durand, деновиве во Токио го промовираа нивниот најнов филм “ROBIN HOOD”. Тие имаа средба со новинарите и фановите, која ја проследи нашиот соработник, Адријан Битрак.


Russell, кој инаку e познат по конфликтите со папараците и медиумите во Токио бил релаксиран и многу љубезен.

Бев фан на „Robin Hood“ од дете, но се започна по средбата со продуцентот  Brian Grazer, рече на прес конференцијата,  Russel Crowe. Двајцата глумци сметаат дека има многу филмови за шервудскиот јунак, но ниту еден од нив не бил доволно реалистичен.


Russell има ставено некој  килограм повеќе, поради што имал мали проблеми при снимањето на филмот. Се размислувало Sienna Miller да ја глуми девојката на Робин, но за да не изгледа  Russell премногу стар и крупен покрај неа, улогата ја добила Cate Blanchett. Тој напомна дека не тренирал доволно во последно време поради повредата здобиена на снимањето на претходен филм, но е  оптимист во врска со својата форма, дури и најави дека сака да сними продолжение на Robin Hood.


Russell во Токио за прв пат беше во шопинг низ познатите продавници за подароци,  а заедно со Kevin ги запалија ламбичките на новогодишната елка во Roppongi.

Од Токио за OhridNews
Адријан Битрак