Музичката ѕвезда на црвениот тепих се појави во црн фустан во кој изгледаше навистина провокативно и во стилот на славната Мерилин Монро.
Пред фановите се појавија и главните актери Kristen Bell, која е позната по серијата „Veronica Mars“, како и Cam Gigandet кој блескаше со својот шарм.
Режисерот на филмот Steven Antin изненаден од пречекот во Токио, истакна дека Кристина отпрвин не сакала да ја прифати улогата, но подоцна се предомислила. Нејзиното деби го оцени како многу добро и изрази надеж дека ќе продолжи нивната соработка. Репортерот на OhridNews имаше кус разговор со режисерот Steven Antin кој упати порака до Македонија:
„Се надевам дека ќе дојдете да го видите мјузиклот „Бурлеска“ и се надевам дека ќе уживате во филмот колку што јас уживав во неговото правење“изјави Антин.
Филмот „Burlesque“ во Токио ќе почне да се прикажува на 18-ти декември, на роденденот на Christina Aguilera.
Адријан Битрак