Деновиве во јапонската престолнина Токио се одржа премиера на најпопуларниот филмски хит во моментов „OBLIVION“ во кој главните улоги ги толкуваат Tom Cruise, Olga Kurylenko и Morgan Freeman.

На премиерата присуствуваше дел од актерската екипа и режисерот Joseph Kosinski, кои необично за вакви прилики чекореа по бел тепих. На премиерата на светскиот хит бр.1 во моментов присуствуваше  соработникот на  OhridNews од Токио Адријан Битрак кој разговараше со главните протгонисти во филмот.

Том Круз како и секогаш беше непосреден со фановите на кои им посвети внимание. Во разговорот му предочивме дека тој има голем број фанови во Македонија, а Круз изрази желба доколку се отвори можност да ги посети. Исто така му ја посочивме Македонија и како интересна локација за снимање на некоја од филмските сцени кои Том Круз ги снима насекаде низ светот.


Том Круз и нашиот токиски соработник Адријан Битрак

Непосредно пред премиерното прикажување на „OBVILION“ во Токио, Круз се обрати до фановите, на кои им препорача филмот да го погледнат два пати за целосно уживање.
 
-Во Јапонија сум 19 пат и секогаш наидувам на топло добредојде, за што искрено ви благодарам. Во филмнот ве очекува многу акција и напредна технологија. Ве охрабрувам да го погледнете филмот два пати доколку можете, затоа што вториот пат ќе ви даде уште подобро задоволство. „OBVILION“ е прекрасен филм во кој верувам ќе уживате. изјави Том Куз.


Од премиерата на “Obvinion“ во Токио

OhridNews разговараше и со режисерот Joseph Kosinsk, кој изрази надеж дека фимот ќе им се допадне на фановите во Македонија, најавувајќи дека ќе продолжи светската промоција на „OBVILION“.

Од Токио за OhridNews
Адријан Битрак